Скопје, 21.06.2023 ‒ Потпишан договор со Проектот финансиран од ЕУ со наслов „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ за спроведување на акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“.

Договорот за поддршка е резултат на избраниот предлог на Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени Скопје (ИПЕК), поднесен во рамки на Повикот за поддршка на граѓанското општество, финансиран од Европската Унија, преку ЕУ Механизмот за граѓанска отпорност.

Главната цел на акцијата е да го подобри доброто владеење во секторот животна средина и климатски промени и да ја зголеми видливоста на ИПЕКкако клучен актер на оваа тема во Северна Македонија.

Како дел од оваа акција, во наредните шест месеци ќе се реализираат следните активности:

  1. Собирање информации за идентификување на политиките и правните документи релевантни за добро владеење во животната средина и климатските промени (ДВЖСКП);
  2. Проценка на нивото на ДВЖСКП во Северна Македонија;
  3. Презентирање на резултатите од проценката на ДВЖСКП во Северна Македонија на јавен настан во Скопје;
  4. Подготовка на препоракиза подобрување на ДВЖСКП, вклучувајќи предлози за подобрување на законодавството и мерки за спроведување од страна на централната и локалната администрација;
  5. Организирање еднодневна обука и менторство за тимот на ИПЕК во врска со доброто владеењево животната средина и климатските промени и развој на Работен план за активности за следните три години;
  6. Промовирање на активности на социјалните медиуми, печатење различни материјали, купување опрема и ИТ алатки за тимот на ИПЕК.

 

Преку овие активности, ИПЕК има за цел да ја постави на сцената во Северна Македонија темата за добро владеење во секторот за животна средина и климатски промени, придонесувајќи конзаштита на животната средина во земјата.

За повеќе информации, ве молиме контактирајтенѐ на:

contact@ipecc.org.mk