Активности и реализирани проекти

IPECC

Реализирани проекти

IPECC во своето 20 годишно постоење има спроведено многу проекти посветени на промовирање и заштита на животната средина и климатските промени, зајакнување на административните капацитетите на управување со животната средина на централно и локално ниво, подобрување на законодавството и негово спроведување, како и промовирање на културата и зачувување на културните вредности. Подолу се презентирани неколку позначајни проекти.

Последни проекти и активности

Работилница за воспоставување на геопаркови
Работилница за воспоставување на геопаркови
27.06.2024
5 јуни – Светски ден на животната средина или „Растеме со здрава почва“
5 јуни – Светски ден на животната средина или „Растеме со здрава почва“
06.06.2024
Студиска посета за размена на искуства со Министерство за животна средина на Република Србија во процесот на подготовка на документација и апликација за стекнување на статус на УНЕСКО Геопарк
Студиска посета за размена на искуства со Министерство за животна средина на Република Србија во процесот на подготовка на документација и апликација за стекнување на статус на УНЕСКО Геопарк
30.05.2024
ИПЕК со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање започна процес за воспоставување на геопаркови
ИПЕК со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање започна процес за воспоставување на геопаркови
28.05.2024
Акција за пошумување – одбележување на почетокот за изработка на законот за заштита на почвите
Акција за пошумување – одбележување на почетокот за изработка на законот за заштита на почвите
29.03.2024
previous arrow
next arrow

Кампања за подигање на јавната свест за изработка на Законот за заштита од бучава во животната средина и приближување на законодавството за водите

Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање го реализираше проектот „Кампања за подигање на јавната свест за изработка на Законот за заштита од бучава во животната средина и приближување на законодавството за водите“ (2006 – 2008 година). Проектот се финансирше и реализираше со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Главната цел на проектот беше да се подигне јавната свест за подготовка на Законот за заштита од бучава во животната средина и оценка на усогласеноста на Предлог-законот за води со релевантното законодавство на ЕУ. Беа организирани неколку регионални работилници со цел да се вклучат јавноста и релевантните чинители во финализирањето на Законот за заштита од бучава во животната средина и во процесот на одлучување. Исто така, беше дадена поддршка во изготвувањето на Законот за заштита од бучава и Законот за води, вклучително и подзаконските акти.

Соработка со UN/ECЕ
  • Во 2009 и 2010 година врз основа на Меморандуми за разбирање потпишани со UN/ECE организираше работилници за информирање на јавноста и органите на државната и локалната власт за прават и обврските што произлегуваат од Конвенцијата на UN/ECE за заштита и користење на прекугранични водни текови и меѓународни езера (Конвенција за вода) и PEP работилница за политики за одржлив и здрав градски транспорт во „Југоисточна Европа“.

  • Поврзано со климатските промени, во 2009 година има развиено „Проценка на институционалната и правната рамка за климатски промени во Република Македонија за спроведување на обврските на UNFCCC“ финансирана од UN/ECE.
Заедно за климата

Во октомври 2008 година, заедно со неколку угледни невладини организации во Северна Македонија, беше вклучен во проектот за поддршка на управувањето со животната средина и ја формираше првата македонска мрежа за борба против климатските промени наречена „Заедно за климата“.

Да ги чистиме нашите улици
  • Друг важен проект беше „Да ги исчистиме нашите улици“ во рамки на кампањата „Чисти улици за сите“ спроведена во 2008 – 2009 година во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот беа организирани неколку обуки за полициските службеници, државните и општинските инспектори за животна средина, за поефективно спроведување на Законот за управување со отпад (ЗУО) и неговите казнени одредби. Дополнително, беа реализирани повеќе активности и настани со цел да се подигне јавната свест и одговорност кај граѓаните за соодветно отстранување и сепарирање на отпадот.

  • Во 2009 година во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и приватниот сектор спроведе кампања за подигање на јавната свест за имплементација на Наредбата за забрана за употреба на пластични кеси. Оваа кампања продолжи и во текот на 2010 година.
Развој на критериуми за Еко означување
  • Со поддршка на Британската амбасада во Скопје, реализиран е проект за развој на два критериуми за еко-етикетирање за туристички сместувања и детергент за рачно миење садови. Во рамките на проектот беа организирани неколку обуки и работилници за критериумите за еко-означување за засегнатите страни и сопствениците на туристичките сместувачки капацитети во Северна Македонија. Исто така, се организираа неколку јавни дебати за усвојување на критериуми за еко-означување на туристичко сместување и детергент за рачно миење садови (2007 – 2008 година).

  • Во септември 2009 – март 2010 година изготви Физибилити студија за воведување критериуми за еко-етикетирање на сапуни и шампони во Северна Македонија врз основа на барање на Министерството за животната средина и просторно планирање.

  • Во 2015 – 2016 година беше имплементиран проект поврзан со изработка на Физибилити студија за критериум за ЕКО означување на цемент, што беше финансиран од приватна компанија.

  • Во 2016 – 2017 година беа развиени критериуми за еко-означување на повеќе производи, финансирани од МЖСПП и приватниот сектор.
Поддршка на практиката за Стратегиска оценка на животната средина (СОЖС) во Македонија

Во партнерство со Комисијата за оцена на животната средина од Холандија, беше имплементиран проектот „Поддршка на практиката за Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) во Македонија“ (јануари 2010 – март 2012 година) како подизведувач. Проектот се реализираше во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот беа развиени измени на Законот за животна средина во однос на транспонирање на Директивата за СОЖС и неколку подзаконски акти. Беа реализирани неколку обуки за СОЖС на национално и локално ниво, а беше обезбедена и поддршка на Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање во подготовката на извештаи за СОЖС за неколку плански документи.

Соработка со Шведската агенција за заштита на животната средина

Со Шведската агенција за заштита на животната средина, како локален партнер, имплементираше двегодишен проект поврзан со Процесот на интеграција во ЕУ каде краен корисник беше Министерството за животна средина и просторно планирање (2010 – 2012). IPECC беше одговорен за административна поддршка, организација на настани/работилници, ангажирање локални експерти и подготовка на извештаи за напредокот.

Соработка со холандските власти
  • Во 2010 година, врз основа на Меморандум за разбирање со NL EVD International од Холандија, организираше работилници/обуки во рамките на проектот за Директивата за еколошка одговорност за државните службеници и засегнатите страни во Северна Македонија.

  • Во текот на март – септември 2011 година, се имплементираше проектот со Националниот институтот за јавно здравје и животна средина (RIVM) од Холандија поврзан со транспонирање и имплементација на Директивата за бучава во Северна Македонија. Главните активности беа поврзани со логистичка поддршка на организирање на три работилници и ангажирање на национални експерти.
Други проекти
  • Во јуни 2010 година, спроведен е 9-месечен проект поврзан со „Подготовка на упатство и спроведување на обуки за проценка на надоместоците за издавање на ИСКЗ дозволи“. Во рамки на проектот беа подготвени упатствата и беа организирани неколку работилници за одобрување на упатствата.

  • Во текот на 2016 – 2018 година, IPECC беше помлад партнер во три проекти за прекугранична соработка со Грција и Бугарија кои се однесуваа на животната средина и заштитата на природата.

  • Во 2018 – 2020 година, IPECC подготви неколку Планови за управување со отпад за приватниот сектор за различни текови за управување со отпад.

  • Во 2020 година подготви План за вклучување на засегнатите страни за отпад од пакување со цел да се поддржи подготовката на законодавството за проширена одговорност на производителот, финансиран од приватниот сектор.