Скопје, 25-ти декември 2023 година

Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК), изработи Извештај од истражувањето за состојбата со добро владеење во животната средина и климатските промени во Северна Македонија.

Извештајот е резултат од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, која се финансира од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“

Целта на истражувањето беше да се процени кое е моменталното ниво на разбирање за доброто владеење во животната средина и климатските промени меѓу различните засегнати страни и како доброто владеење е рефлектирано во релевантните закони и политики. Истовремено, овој Извештај е насочен кон јакнење на капацитетот на ИПЕК а преку него и на цивилниот сектор во Северна Македонија за подобро ангажирање за добро владеење во животната средина и климатските промени и зајакнување на комуникацијата меѓу засегнатите страни.

 

Извештајот може да го симнете од линкoт подолу:

Извештај за доброто владеење во животната средина и климатските промени

Резиме на Извештајот на Англиски јазик

 

За дополнителни информации или коментари за горенаведените документи, обратете се на:

contact@ipecc.org.mk