За нас

 

Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени

Нашите цели

Нашиот тим

Кратка историја

Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – Скопје (IPECC) како невладина организација е формиран во 2000 – та година со цел да придонесе во општествениот развој на државата, преку спроведување на активности во областа на животната средина, развојот на културата и личниот развој на човекот. Најпрво започна да работи како Центар за развој на животната средина и културата, но во 2021 година се одлучи да се промени во сегашниот назив со цел полесно да се препознаат целите на кои работи организацијата. Имено, со текот на времето, животната средина и климатските промени станаа доминанта област во која се спроведуваа активностите на Институтот, со што се одлучи своите цели и сфера на делување целосно да ги насочи во оваа област. Воедно, процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија беше причина да се пристапи подлабоко во анализа и подобрување на политиките и управувањето со Поглавјето 27 – животна средина и климатски промени, во подобрување на правната рамка и знаењето на сите чинители за ова област. Институтот во своето постоење и реализирање на своите цели и спроведување на проектите, соработуваше со органи на државната и локалната власт, меѓународни организации и амбасади, како и со приватниот сектор.

Главна цел

Промовирање на одржливиот развој и доброто управување во животната средина и климатските промени, преку развој и спроведување на политики кои придонесуваат во заштитата на животната средина и постигнување на климатски неутрален развој.

Посебни цели

  • Мониторинг и учество во процесот на усвојување на планските документи за животна средина и климатски промени, и усогласувањето на истите со ЕУ и глобалните политики во оваа област,
  • Подобрување на законската рамка во секторот животна средина и климатски промени и поттикнување на транспарентност и консултација со јавноста во креирањето на законодавството,
  • Поддршка на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, преку поддржување на активности насочени кон апроксимација во Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени,
  • Иницирање и спроведување на активности за заштита на животната средина и климатските промени, заштита на почвата од загадување, поттикнување на пермакултурата и одржливото земјоделство,
  • Потикнување на активности кои се насочени кон циркуларна економија и спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан,
  • Промовирање на дијалогот меѓу невладиниот сектор, бизнис заедницата и државната и локалната администрација во процесот на пристапување во ЕУ,
  • Иницирање и спроведување на активности кои имаат за цел воспоставување на добро управување во животната средина и климатските акции, воспоставување на меѓународна соработка и глобално поврзување.

Нашиот тим

Во своето 20 годишно работење IPECC има воспоставено соработка со повеќе домашни и меѓународни експерти кои делуваат во областа на животната средина и климатските промени. Воедно, одржува листа на активни експерти кои по потреба може во секое време да се повикаат.

Главниот тим се состои од неколку члена кои посветуваат дел од своето време во остварување на целите на IPECC.

 

 

Јадранка Иванова, претседател
Јадранка Иванова, претседател
Експерт за апроксимација и право за животната средина и клима
Др. Илир Љума
Др. Илир Љума
Експерт за здравје
Елена Зафировска Переира Гомес
Елена Зафировска Переира Гомес
Пермaкултура практичар
Андријана Ристовска Костовска
Андријана Ристовска Костовска
Дипломиран инженер агроном
Лилјана Динев
Лилјана Динев
Инженер по менаџмент на еколошки ресурси