Дали ЕУ и нејзинитезелени инвестиции ги исполнуваат очекувањата на земјите од Западен Балкан? – придружете се на нашиот претстоен Хибриден состанок за политки каде клучни теми во врска со темата „Можности и предизвици за зелените инвестиции“ ќе бидат дискутирани од страна на истакнати експерти.

Имајќи ја предвид клучната улога на Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан (GAWB), очигледна е потребата за итна акција за унапредување на нејзината имплементација и приоретизирање на зелените инвестиции како основни елементи за исполнување на нејзините цели. Состанокот ќе се фокусира на оптимизирање на програмите за претпристапна помош на ЕУ за зајакнување на зелените инвестиции во земјите кандидатки за ЕУ, идентификување на приоритетите и преземање мерки за подобрување на ефективноста на искористувањето на претпристапните фондови. Ќе бидат дискутирани и предизвиците со кои се соочија земјите во последните години поврзани со имплементација на зелена инфраструктура, а учесниците ќе ги споделат и вредните научени лекции и најдобри практики.

Хибридниот состанок ќе се одржи на 29 ноември 2024 година во Скопје, Северна Македонија. Ве молиме регистрирајте се за да го резервирате вашето место, бидејќи просторот за физичко присуство е ограничен. Користете го QR-кодот на сликата, или следниот линк.

 

(Проектот „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан 6“ е поддржан од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан – OSF-WB, во рамките на иницијативата ИГНИТА.)