Институтот за добро владеење и политики во животната срединa и климатските промени Скопје (IPECC), преку договор од мала вредност со Програмата на Обединетите нации за животната средина (УНЕП) и Глобалниот инструмент за животна средина (GEF), ќе го поддржи процесот на изготвување и донесување на Закон за заштита на почвата во Република Северна Македонија.
Подршката ќе се реализира во рамките на проектот „Промовирање на одржливо управување со почвата, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели и подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој се спроведува од УНЕП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), финансиран од Глобалниот инструмент за животна средина – ГЕФ.
Покрај другите активности, во рамките на проект ќе се подготвува Предлог на закон за заштита на почвата. IPECC, ќе придонесува преку:
- идентификација и планирање на вклучувањето на засегнатите страни во процесот на изготвување и усвојување на Законот за заштита на почвите,
- анализи на постојната законска и институционална рамка релевантна за заштита на почвата во Република Северна Македонија, и
- утврдување на патоказот за изработка и донесување на Закон за заштита на почвите.
Преку овие активности, IPECC ќе придонесуве за поставување на содржината на предлог-законот, како и рано вклучување на засегнатите страни со цел да се овозможи сеопфатен партиципативен и транспарентен процес.
За дополнителни информации, обратете се на: