Тирана, 19.12.2022 година ‒ се потпиша договор со Фондот за Западен Балкан (Western Balkan Fund (WBF)) за спроведување на регионален проект „ Кажи и направи нешто зелено“.
Институтот за добро владеење и политики во животната срединa и климатските промени Скопје (IPECC), во партнерство со Агенцијата за одржлив економски развој (SEDA) од Албанија и Еколошката Мрежа на Црна Гора (ENM) ќе го спроведуваат регионалниот проектот „Кажи и направи нешто зелено“ кој се ко-финансира од Европската Унија.
Целта на проектот е да ја поттикне свеста на граѓаните за заштита на животната средина, преку јавно изразување на своите намери за делување.
Во рамки на проектот ќе се спроведуваат следните активности:
- Подготовка и спроведување на кампања „Кажи и направи нешто зелено“. Кампањата ќе се спроведува со поставување табли на јавни локации во Скопје, Драч и Бар, во кои граѓаните ќе можат да го изразат своето мислење што би направиле за заштита на животната средина и климатските промени,
- Подготовка на извештаи и анализа на одговорите. Одговорите и коментарите собрани од кампањата ќе се групираат и ќе се подготви извештај за реакцијата и перцепцијата на граѓаните, одразувајќи ја нивната подготвеност да преземат активности и да бидат вклучени во заштитата на животната средина и климатските промени.
- Организирање на три јавни дебати во трите градови со претставници на клучните засегнати страни, каде што ќе се презентира анализата на кампањата и предложените активности за регионална соработка.
- Развој на Регионален акционен план со цел да се промовира заштитата на животната средина и климатските промени. Овој Регионален акциски план ќе биде во форма на Патоказ за учество на граѓаните во климатските акции.
Преку овие активности, IPECC заедно со партнерите ќе промовираат отворен дијалог за предизвиците за членство во ЕУ, придонесувајќи за одржлив развој на Западен Балкан.
За дополнителни информации, обратете се на: