Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) започна со имплементација на нов регионален проект насочен кон подобрување на подготвеноста на земјите од Западен Балкан 6 (ЗБ6) за планирање, пристап и ефективно користење на идните финансиски инструменти на Европската Унија.

Проектот се фокусира на унапредување на одржливото финансирање за зелена инфраструктура, преку зајакнување на административните капацитети, подобрување на стратешкото планирање и поттикнување на регионална соработка во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ.

Во рамки на проектот, ќе се изготват Документ за политики и Патоказ со конкретни препораки за подобро усогласување на националните приоритети со финансиска перспектива на ЕУ по 2027 година.  

Со овој проект, ИПЕК продолжува да ја зацврстува својата мисија за поддршка на доброто владеење, транспарентноста и одржливиот развој, преку поврзување на граѓанското општество, националните институции и европските политики во насока на успешна европска интеграција на регионот.

Проектот се имплементира од страна на ИПЕК, а со поддршка на Фондација Отворено ОпштествоЗападен Балкан (OSF-WB), во рамки на иницијативата Игнита, и придонесува кон транспарентно, инклузивно и креирање на политики базирани на докази во областа на зелените инвестиции и европската интеграција на Западен Балкан.