Андријана Ристовска Костовскаима 10 години работно искуство во Секторот за одобрување на проекти, кој е делод Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Нејзината одговорност опфаќаше подготовка и преглед на документацијата на апликациите за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата, правејќиевалуација на истите согласно пропишаните критериуми за доделување на неповратни финансиски средства.Од 2012-та година започна да работи на спроведување на меркатаза “Преработка и маркетинг на земјоделските производи”, а во 2017-та беше назначена за овластен советник за анализа и одобрување на проекти во одделението за “Подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства”. Таа е дипломиран инженер Агроном на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а дипломските студии ги заврши во 2009-та година, како студент на Агро-економската насока.
Последни публикации
Премостување на потребите на Западен Балкан со финансиската перспектива на ЕУ по 2027 година
Реформската агенда под лупа: Ex-ante и Ex-post извештаи за спроведувањето (2025–2026)
ИПЕК учествува во подготовката на Првиот и комбинираниот Втор Извештај за Транспарентност и Петтата национална комуникација (BTR1, BTR2/NC5)
Значењето на здравјето на почвата и законот со кој таа ќе биде заштитена
Јавен Настан – Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан – 16 мај 2025