Скопје, 16.10.2023 ‒ Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК) како дел од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, го комплетираше првиот нацрт на Извештајот за канцелариско истражување за моменталната состојба со доброто владеење во секторот за животна средина и климатски промени во Северна Македонија.

Имплементацијата на акцијата е финансирана од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“

Како дел од канцелариското истражување, се изработени прашалници за Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и општините и се споделени за понатамошна обработка. Информациите кои ќе се собират преку прашалниците ќе се користат за финализирање на Извештајот за моменталната состојба со доброто владеење во секторот животна средина и климатски промени во Северна Македонија.

По доставените прашалници, закажани се интервјуа со релевантните сектори на МЖСПП за неделата почнувајќи од 06.11.2023 година.

За повеќе информации, ве молиме контактирајтенѐ на:

contact@ipecc.org.mk