На 12-ти декември 2023 година, во Хотел Мариот – Скопје, ќе се оддржи консултативен настан со преставници од разни чинители (органи на државната управа, невладиниот сектор и научната јавност), на тема – Заедно за унапредено владеење во областа на животната средина и климатските промени.

Настанот се организира од Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК) како дел од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, која се финансира од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“

На настанот ќе се презентира Извештајот за моменталната состојба со доброто владеење во секторот животна средина и климатски промени во Република Северна Македонија, како и искуства од ЕУ за доброто владеење со животната средина и климатски промени.

Агенда

За пријава за учество на настанот и дополнителни информации, обратете се на:

contact@ipecc.org.mk