Скопје, 11-ти декември 2023 година
Во просториите на Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК) се оддржа Менторство и обука за добро владеење во животната средина и климатските промени, за тимот на ИПЕК.
Менторството и обуката се организираа како дел од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, која се финансира од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“
Како предавачи на обуката учествува претставникот од Европскиот Институт за Јавна Администрација (EIPA), Игор Диздаревќ, како и Тони Поповски тематски експерт за добро владеење во животната средина и климатските промени.
Покрај другото, експертите и тимот на ИПЕК работеа заедно за дефинирање на опсегот на Акцискиот план за зајакнување на доброто владеење во животната средина и климатските промени во Република Северна Македонија, во наредните три години. Акцискиот план се очекува да се финализира најдоцна до 25.12.2023 и ќе служи како добра алатка за ИПЕК за планирање и превземање на активности, кои ќе придонесуваат за зајакнување на доброто владеење во животната средина и климатските промени во Република Северна Македонија.
За дополнителни информации, обратете се на: