Скопје, 20.11.2023 ‒ Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК) како дел од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, во периодот од 06-17 ноември 2023 година, реализираше интервјуа со релевантни сектори на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Целта на ова активност беше да се собират податоци за финализирање на Извештајот за моменталната состојба со доброто владеење во секторот животна средина и климатски промени во Северна Македонија. По комплетирање на Извештајот, истиот ќе се презентира на јавен настан во Скопје, кој се планира да одржи на 12 декември 2023 година.
Имплементацијата на акцијата е финансирана од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“
За повеќе информации, ве молиме контактирајте нѐ на: