На 27ми март 2024 година, во близина на ветропаркот Богословец, Свети Николе, со симболично засадување дрвни садници, се најави подготовката на Законот за заштита на почвите во Република Северна Македонија и големата акција за пошумување на значителни површини на екстремни и голи терени во државата. Активностите се дел од ГЕФ/УНЕП проектот со наслов „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување направната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливитепланински предели подобрувајќи го управувањето со заштитените подрачја“.

На настанот присуствуваше министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, како и други претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од ЈП “Нацонални шуми” – Скопје, како и Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – ИПЕК Скопје, кој воедно е партнер во реализација на проектот. Со законот се очекува да се утврдат не само насоки за одржливи практики за управување со почвата, туку и да се овозможи справување со деградацијата, ерозијата и загадувањето.