Скопје, 26-ти декември 2023 година
Институтот за добро владеење и политики во животна средина и климатски промени Скопје (ИПЕК), изработи Акциски План за зајакнување на доброто владеење во животната средина и климатските промени во Република Северна Македонија за периодот 2024-2026 година.
Планот е резултат од акцијата „Зајакнување на доброто владеење со животната средина и климатските промени“, која се финансира од Европската Унија, преку Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ како дел од договорот со Проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“
Акцискиот план ќе служи како патоказ за ИПЕК и евентуално други субјекти за планирање и превземање на активности, кои ќе придонесуваат за зајакнување на доброто владеење во животната средина и климатските промени во Република Северна Македонија.
За дополнителни информации, обратете се на: