Заради воспоставување на интегриран пристап во заштитата на почвата, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон подготвување на посебен закон со кој ќе се уреди управувањето и заштитата на почвата“, истакна Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини кој заедно со г-ѓа Искра Стојанова од Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP), учествуваа на воведната работилницата на тема „Развој на регулатива за заштита на почвата во Република Северна Македонија“.
Работилницата се оддржа во рамките на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели“ финансиран од Глобалниот еколошки фонд и спроведуван од UNEP, каде Институтот за добро владеење и политики во животната срединa и климатските промени Скопје (IPECC) ќе го поддржи процесот на изготвување и донесување на Закон за заштита на почвата во Република Северна Македонија.
IPECC пред преставници на надлежните министерства, единиците на локалната самоуправа, невладиниот сектор и научната јавност го презентираше подготвениот План за вклучување на засегнатите страни во процесот на изработка и усвојување на Предлог Законот за заштита на почвите како и за значањето на доброто управување и заштитата на почвите во Република Северна Македонија.
Ова работилница е прва од низата работилници и дебати планирани во Планот за вклучување на засегнатите страни, кои се очекува да придонесат кон изработка на добра правна рамка за заштита на почвите низ сеопфатен и транспарентен процес.
Институтот за добро владеење и политики во животната срединa и климатските промени Скопје