Во периодот од 15 до 17 април 2024 година, во организација на Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Сектор за природа и Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) – Скопје, се одржа тематска студиска посета на Република Србија со фокус на процесот за воспоставување на УНЕСКО геопарк.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства и да се сподели знаење за спроведување на административниот работен процес при подготовката на апликацијата со придружните материјали за номинација во Европската мрежа на геопаркови и стекнување на статус на УНЕСКО геопарк, како и негово функционирање во согласност со меѓународните упатства и процедури и национална легислатива.

Покрај претставниците на Секторот за природа (СП) при Управата за животна средина (УЖС) во МЖСПП и ИПЕК, на настанот учествуваа и претставници од Министерството за животна средина на Република Србија, Завод за заштита на природата на Република Србија, Национален парк „Ѓердап – УНЕСКО Геопарк“ и претставници од туристичката организација на Општина Мајданпек, Република Србија.

За време на тридневната агенда учесниците имаа прилика да направат обиколка на видиковецот Плоче кој претставува еден од најпосетените видиковци во НП „Ѓердап – УНЕСКО Геопарк“ поради уникатниот поглед на реката Дунав, кој извира од птичја перспектива, видиковецот Власац кој е мезолитски археолошки локалитет, кој припаѓа на културата Лепенски Вир и датира од VII милениум п.н.е., како и геолокалитетот на кањонот на реката Бољетин кој е првиот заштитен геолошки локалитет на подрачјето на НП „Ѓердап“.

Студиската посета послужи за да се промовира заеднички дијалог, дискусија и други активности наменети за поврзување на чинителите од двете земји, со фокус на номинација во Европската мрежа на геопаркови и стекнување на статус на УНЕСКО геопарк во Република Северна Македонија.

Посета на видиковецот Плоче

Посета на видиковецот Власац

Посета на кањонот на река Бољетин