Др. Илир Љума, е доктор по медицина со 35 годинишно искуство во примарната здравствена заштита, во превентивните и куративните дејности. Од 1995 до 1998 година ја вршеше функцијата заменик министер за здравство на Република Македонија. Активно учествуваше во подготовката на Законот за правата на пациентите и на Законот за правата и обврските на лекарите, како член на работната група на Министерството за здравство. Од 2005 до 2010 беше Потпретседател на Етичкиот Комитет при Лекарската Комора на Македонија.
Учествуваше во повеќе истражувања кои имаа за цел да го покажат влијанието на животната средина врз здравјето, особено влијанието на воздухот и опасните супстанции што се наоѓаат во него. За таа цел има учествувано во спроведување на повеќе проекти и развој на плански документи каде предлагаше мерки за подобрување на состојбата со животната средина. Воедно, има учествувано во изработката на повеќе студии за оцена на влијанието врз животната средина анализирајќи го можното влијание врз здравјето од предложените проекти.
Во досегашната пракса која произлегува од медицината заснована врз докази, доста успешно ја применува и комплементарната медицина при третман на нарушување на здравствената состојба на пациентите и успешно третирање на истите користејќи ги при тоа и начелата на алтернативната медицина. Воедно е стручен консултант на приватна компанија во областа на здравствената заштита и превентивата.