По повод 5 јуни Светскиот ден на животната средина за 2024 година Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) Скопје во соработка со Општина Центар и поддршка на колективниот постапувач со отпадна електрична и електронска опрема ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје спроведе едукативен настан во ООУ „11 Октомври“ – Скопје со фокус на обновувањето на земјиштето, опустинувањето и отпорноста на сушата, под слоганот „Растеме со здрава почва“.
Користејќи ја нашата заложба за подигање на свеста кај помладите и нивната улога за здрава и чиста животна средина, овој настан им даде можност на ученици од ООУ „11 Октомври“ – Скопје, да се запознаат со важноста и улогата на почвата како еден од основните природни супстрати за живот на Земјата.
Во рамки на настанот во пријатен престој на отворено, учениците се вклучија во акција за засадување на сезонски цветни садници. Со голема еколошка свест, тие ги одбележаа своите саксии, засадија мали садници по избор и ќе продолжат да ги негуваат сé со цел да создадат пријатно живеалиште за опрашувачи како пчели, пеперутки и птици.
#WorldEnvironmentDay #GenerationRestoration