ИПЕК, со поддршка од граѓанските организации, академски институции, синдикати, експерти од релевантни области од регионот на Западен Балкан, како дел од спроведувањето на проектот „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан 6 (WB6)“ е во процес на одржување на состаноци со креаторите на политиките на национално, регионално и ниво на ЕУ, со цел заложба за унапредување на зелената инфраструктура.

За таа цел, на 02 јули 2024 година се одржа состанок со раководителот на Одделението за стратегии и ризик во Министерството за финансии на Албанија (SASPAC), г-дин Марјуш Борокочи, на кој се претстави проектот и се споделија кратки информации за проектните активности.

Раководителот на Одделението за стратегии и ризици при Министерството за финансии на Албанија (SASPAC) изрази задоволство за проектот на ИПЕК и покажа посебен интерес за споделување достапни податоци за националните проекти на терен со сличен интерес што се/или ќе се спроведуваат во Албанија.

Овој проект е поддржан од Фондацијата Отворено општество Западен Балкан – OSFWB, во рамките на иницијативата ИГНИТА.