ИПЕК е во процес на имплементација на проектот насловен „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан 6 (WB6)“. Во тековната фаза на имплементација, активностите опфаќаат набљудување и проценка, со цел да се обезбеди увид во состојбата на имплементација на Зелената Агенда за Западен Балкан (GAWB), фокусирајќи се на зелената инфраструктура и постоечките механизми кои ја поддржуваат нејзината имплементација.
Во соработка со граѓанските организации, академски институции, синдикати, експерти од релевантни области од регионот на Западен Балкан, набљудувањето се спроведува преку секундарно истражување, соработка со засегнатите страни од регионот на WB6, ад хок состаноци и евалуација на резултатите, како и преку онлајн состаноци со претставници од националните власти од WB6. Врз основа на добиените податоци и извршената проценка ќе се изработи Документ со краткорочни и среднорочни препораки за подобрување, што ќе послужи како основа која ќе ги олесни активностите за застапување, вклучувајќи ги засегнатите страни од регионот WB6 и ЕУ.
Како дел од активностите на проектот, на 02 јули 2024, ИПЕК одржа средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Албанија, на која беа презентирани кратки информации за проектот. Претставниците на Делегацијата на ЕУ во Албанија изразија задоволство од целите на проектот и покажаа посебен интерес за споделување на достапните податоци од терен.
Овој проект е поддржан од Фондацијата Отворено општество Западен Балкан – OSFWB, во рамките на иницијативата ИГНИТА.