Во организација на ИПЕК и со поддршка на Општина Гази Баба на 30 октомври 2024 година во ООУ „Даме Крапчев“ – Скопје се одржа интерактивен настан за запознавање на младите од Општина Гази Баба со влијанието на нивните локални активности врз животната средина и климатските промени, преку мерење на нивниот еколошки отпечаток.

Настанот имаше за цел да го презентира еколошкиот отпечаток како мерка за користење на природните ресурси во споредба со ресурсите кои секојдневно ги користиме.

Учениците од Еко секцијата на ООУ „Даме Крапчев“ – Скопје покажаа особен интерес за животна средина во Општина Гази Баба и демонстрираа искрени емоции за нејзино подобрување.

Голема благодарност до наставниот кадар и учениците од Еко секцијата на ОУ „Даме Крапчев“ – Скопје за нивниот несебичен придонес и учество на настанот.

Поддржано од Општина Гази Баба