Реформската агенда 2024–2027 е предмет на детален мониторинг и анализа преку двата последователни извештаи на Преспа институт, во соработка со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК), како дел од Граѓанска алијанса за реформи и пораст – CARGrow, која придонесе кон изработката на публикациите „Реформската агенда под лупа: Прв ex-ante краток извештај“ (декември 2025) и „Реформската агенда под лупа: Прв ex-post мониторинг извештај“ (јануари 2026).
„Прв ex-ante краток извештај“ (декември 2025) содржи систематски преглед и анализа на реформските чекори од Реформската агенда 2024–2027 на Владата на Северна Македонија, со посебен фокус на мерките со рок до декември 2025 година и нивната поврзаност со исплатата на средствата во рамки на Планот за раст на Европската Унија. Извештајот ги идентификува клучните институционални обврски, потенцијалните ризици од доцнење и областите каде е потребна засилена меѓуинституционална координација.
„Прв ex-post мониторинг извештај“ (јануари 2026) ја оценува реалната имплементација на мерките, степенот на исполнување на обврските и предизвиците во институционалната координација. Извештајот покажува значителен напредок во спроведувањето на реформите, но идентификува области каде е потребно дополнително внимание. Делумно функционираат механизмите за следење и транспарентност, со препорака за навремени корективни мерки. Документот нуди конкретни препораки за унапредување на ефикасноста, отчетноста и одржливоста на реформскиот процес.
Резултатите од ex-ante и ex-post анализите овозможуваат целосен преглед на реформскиот циклус – од планирањето и идентификување на потенцијалните ризици до евалуација на реалниот напредок. Споделувањето на овие извештаи обезбедува јавноста и институциите со информирана и објективна слика за имплементацијата на реформите, ја зајакнува транспарентноста и придонесува кон подобрување на квалитетот на реформските процеси во Република Северна Македонија.
ИПЕК останува посветен на поддршка на политики базирани на докази, добро владеење и транспарентен мониторинг преку споделување на релевантни анализи и препораки со јавноста и институциите.
Прочитајте ги извештаите:




