Скопје, 07.12.2022 година ‒ се оддржа втората и воедно завршна работилница за развој на регулатива за управување со почвите во Република Северна Македонија.

Институтот за добро владеење и политики во животната срединa и климатските промени Скопје (IPECC) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата на Обединетите нации за животната средина (УНЕП) ја организира втората работилница „Развој на регулатива за управување со почвите во Република Северна Македонија“.

Работилницата се организираше во рамки на проектот „Промовирање на одржливо управување со почвата, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели и подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ финансиран од Глобалниот еколошки инструмент (GEF), каде IPECC преку договор од мала вредност, изработи неколку документи кои ја поставија основата за изработка на Закон за заштита на почвите и тоа:

  • План за вклучување и комуникација со засегнати страни при изработката на Законот за заштита на почвите
  • Анализа на правната и институционалната рамка во Северна Македонија релевантна за заштита на почвите
  • Функционална анализа на управувањето и заштитата на почвите
  • Упатство за демонстрирање и зголемување на најдобрите практики за одржливо управување со земјиштето и неутралност на деградација на земјиштето и
  • Патоказ за изработка на Законот за заштита на почвите.

На завршната работилница којашто се одржа во Парк Хотел&СПА во Скопје, се презентираа и разгледуваа:

  • правната и институционалната рамка за заштита на почвите во Република Северна Македонија,
  • Патоказот за изработка на Законот за заштита на почвите и
  • Опсегот на Законот за заштита на почвите

Согласно Патоказот во наредниот период се очекува МЖСПП да започне со изработката на Законот за заштита на почвите.

За дополнителни информации, обратете се на:

contact@ipecc.org.mk