Документот за политики е подготвен од страна на Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатски промени (IPECC) како лидер на Тематската работна група (ТРГ) за клима и Зелена агенда при Форумот за Граѓанско општество и тинк тенк организации за 2023 година (CSF2023) на Берлинскиот Процес. Ставовите наведени во Документот за политики беа обликувани преку сеопфатен процес на консултации, вклучувајќи претставници од граѓанските организации, членови на TРГ за Клима и Зелена агенда и засегнати страни од 6-те земји од Западен – Балкан (ЗБ6), истакнати експерти од ЗБ6 и Европската унија (ЕУ), како и преку работно истражување претставено во Воведни Трудови и увиди добиени преку средби и застапувања. Процесот вклучуваше три консултативни состаноци во кои беа вклучени 266 засегнати страни и хибридна конференција на која присуствуваа 102 учесници. Овие препораки се резултат на насочен и сеопфатен напор на Тематска работна група за Клима и Зелена Агенда.
Формулираните препораки се тесно поврзани и придонесуваат кон постигнување на клучните цели на Зелената агенда за Западен Балкан, која се потпира на регулаторните реформи во регионот со цел нивно усогласување со целите на Европскиот Зелен договор, како и релевантни инвестиции кои се дел од Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (EIP), имплементиран преку механизмот на Инвестиционата рамка за Западен Балкан (WBIF). Зелената Агенда за ЗБ6 се смета за клучен двигател на транзицијата кон модерна, јаглеродно неутрална, климатски отпорна и ефикасна економија во поглед на ресурсите на земјите од ЗБ и регионот.
Целиот Документ со препораките на ТРГ за Клима и Зелена Агенда можете да гo симнете на следниот линк.