На 26 јуни, 2024 година, ИПЕК во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во рамки на проектот „Изработка на правна анализа за воспоставување на Гео паркови“, организираше Работилница за воспоставување на геопаркови.
На работилницата беше претставена Анализата на националната легислатива во Северна Македонија за животна средина и природа, со препораки за предлог измени и дополнување на националната легислатива за воспоставување на геопарк, како и Водич за воспоставување на геопаркови согласно критериумите на УНЕСКО.
Во фокус на дискусијата беше геолошкиот потенцијал на нашата држава, вклучувајќи ги и сите главни фази во процесот на формирање УНЕСКО геопарк.