На 15 јануари 2024 година, Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – ИПЕК, потпиша договор со Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за имплементација на проектот со наслов „Изработка на правна анализа за воспоставување на Геопаркови”.

Главна цел на проектот е да се направи анализа на националната регулатива со предлог за измена и дополнување на националната легислатива за воспоставување на геопарк во Република Северна Македонија. Геопарковите се специфични региони кои ги обединуваат уникатните геолошки, културни и природни карактеристики.

Во рамките на проектот, покрај правната анализа ќе се изработи и Водич за воспоставување на УНЕСКО геопаркови.

Проектот е целосно финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.