Јадранка Иванова, е дипломиран правник и магистер по јавна политика и менаџмент (Pittsburg University, USA) и магистер за наука за животната средина и менаџмент (Brunel University, London, UK).
Таа има речиси 20 годишно работно искуство во Министерството за животна средина и просторно планирање на повеќе раководни позиции. Беше одговорна за подготовката и усогласување на домашното законодавство од областа на животната средина и клима со она на ЕУ, за процесот на пристапување кон ЕУ за Поглавје 27 и за реформите во јавната администрација во областа на животната средина. Од 2013 до 2017 вршеше функција на Постар програмски службеник (СПО) и ИПА координатор и успешно спроведе повеќе од 30 проекти на техничка помош и градба финансирани од ИПА фондовите на ЕУ за животна средина и клима, во вкупна вредност од над 80 милиони евра и го раководеше спроведувањето на ИПА I Компонента 3 „Оперативната програма за регионален развој 2007-2013“ за секторот животна средина. Воедно, беше одговорна за програмирањето на фондовите за ИПА 2 програмски период 2014 – 2020 и ја водеше Владината секторската работна група за животна средина и климатски акции.
Има повеќе од 23 години искуство во областа на животната средина и клима. Има изработено повеќе од 15 закони и повеќе од 400 подзаконски акти од оваа област, усогласени со правото на ЕУ. Воедно, дел од својот работен ангажман го реализира во Албанија како раководител на програмата која обезбедува поддршка на Министерството за туризам и животна средина во процесот на преговарање со ЕУ за Поглавје 27.
Во својата работна кариера спроведе многубројни обуки за правото и управувањето со животната средина насочени за зајакнување на административните капацитети на националните и локалните органи на управата во Северна Македонија.