Андријана Ристовска Костовскаима 10 години работно искуство во Секторот за одобрување на проекти, кој е делод Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Нејзината одговорност опфаќаше подготовка и преглед на документацијата на апликациите за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата, правејќиевалуација на истите согласно пропишаните критериуми за доделување на неповратни финансиски средства.Од 2012-та година започна да работи на спроведување на меркатаза “Преработка и маркетинг на земјоделските производи”, а во 2017-та беше назначена за овластен советник за анализа и одобрување на проекти во одделението за “Подобрување на конкурентноста на земјоделските стопанства”. Таа е дипломиран инженер Агроном на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а дипломските студии ги заврши во 2009-та година, како студент на Агро-економската насока.
Последни публикации
Одржана работилница за презентирање на дел од нацрт подзаконски акти кон Предлог – Законот за климатска акција
Одржани тренинзи на темите за спроведување на Законот за климатска акција и адаптација и отпорност кон климатските промени
Одржани Тренинг модулите за зајакнување на националните капацитети за воспоставување на MRVA системот и подготовка за механизмот CBAM
Одржан Тренинг Модул 2: Основи на системот за следење, известување и верификација (MRV) и Подобрената рамка за транспарентност (ETF)
Одржана работилница за стратешка и правна рамка за управување со почвите во Република Северна Македонија