После долгогодишен претстој и работа како контролор на квалитет на земјоделски производи во западно -јужниот дел на Франција, регионот Ланд, кај Елена се разви интересот за одржливо земјоделско производство поради што активно почна да се бави и образува во Франција за пермакултурата. Повеќегодишното искуство во пермакултурата е резултат на личниот интерес и желба за една подобра и почиста животна средина, со примена на природните водни ресурси, како и обновување и одржување на почвата без пестициди. Во моментот ја до-комплетира својата едукација по што ќе може да стане сертифициран тренер за пермaкултурата.

Елена Зафировска Переира Гомес е дипломиран туризмолог ( Скопје) како и дипломиран туристичко-агенциски работник (Женева).

Елена има петнаесет годишно искуство во туризмот, како и неколку годишно искуство во културно-туристичката промоција на Македонија, промовирање на рурално – манастирскиот туризам во нејзините граници, како и вон нејзините граници во Франција, Швајцарија и Португалија.

Работното искуство во Обединетите Нации во Женева, како и во Тајванската делегација за економска и културна промоција во Женева го надополни веќе стекнато знаење, како и пристап до глобалната туристичка и култура промоција. Сите овие искуства е спремна да ги вложи во проектот Пермакултура, одржливо живеење.