Како Дипломиран хемиски инженер, има повеќе од 20 години професионално искуство во областа на животната средина, особено во имплементација на законодавството на централно и локално ниво, управување со отпад, индустриски емисии, климатски промени, проценки на влијанието врз животната средина, управување со хемикалии и стратегиска оцена на животната средина.
Како експерт работеше на зајакнување на институционалните капацитети за вклучување на четирикратната шема за синергија во спроведувањето на Националните акциски планови (НАП) за спроведување на SAICM и вклучување на Минамата Конвенцијата. Воедно, работеше на подготовка на Студии за оцена на влијанието врз животната средина за воспоставување на интегрирани и финансиски самоодржливи системи за управување со отпад во 5 региони, вклучувајќи и сратешка оцена на регионалните планови за управување со отпад во Северна Македонија.
Беше заменик-тим лидер на проект кој имаше за цел да ги зајакне капацитетите на општините во Северна Македонија во управувањето со животната средина.
Како технички експерт учествуваше во изработка на упатства за подготовка на интегрираните еколошки дозволи во Министерството за животна средина и просторно планирање, како и во изработката на Законот за контрола на емисиите во индустријата.
Има 5-годишно искуство во Министерството за животна средина и просторно планирање со учество во подготовка на интегрирани еколошки дозволи, како и обезбедување техничка експертиза во изготвување закони и подзаконски акти.