Radica Koceva
|Published on: 19.02.2022||
Radica Koceva holds MSc in Economics obtained at the Faculty of Economics, “University Ss Cyril and Methodius” Skopje. She has over 20 years of a professional career in the Ministry of Finance, during which she acquired profound experience in public finance management, EU integration processes, and managing foreign financed projects, including designing, implementing, monitoring, and evaluating projects/programmes financed by external bilateral/multilateral donors such as EU, IMF, EBRD, EIB and CEB.
Since her appointment as Head of Central Financing and Contracting Department (CFCD) in the Ministry of Finance in December 2007, she was the key figure in preparing the national structures to meet the European Commission accreditation criteria for the indirect management of IPA funds until EC granted the Conferral of Management Power in 2009, for three IPA Components i.e. TAIB, Regional Development Component, and Human Resource Component. While she was heading CFCD in 2007-2020, under her responsibility, within the EU Financial Perspective 2007-2013 and EU Financial Perspective 2014-2020, a huge portfolio of more than 400 single projects worth more than EUR 500 million, was completed with success. She was the responsible Program Authorizing Officer for several National TAIB Programmes and Multi-Annual Programmes, and she was Head of Operating Structure for IPA I and IPA II Programmes. Also, she was responsible for managing the Operational Programme for Regional Development 2007-2013, flagged by the European Commission as one of the most successfully implemented IPA pre-accession programmes, which Programme included an extensive portfolio of infrastructure and technical assistance projects in the Environment.
In her post, she invested great efforts to improve the working culture among employees by introducing the IPA management’s best practices, such as internal control mechanisms, human resource management tools, high ethics, and integrity standards. Since she was dealing with a lot of challenges, she is well known for her problem-solving and decision-making approach in the implementation of the IPA funded projects in the Republic of North Macedonia and wider in the Region. She has excellent knowledge of the European rules for project management, the PRAG procurement rules and the criteria for establishing internal control framework for the indirect management systems of EU funds.
She left the Ministry of Finance in September 2020. Since then, she also has valuable experience in providing consultancy services in managing EU funds and implementing best practices in the pre-accession countries in the Balkan Region, as well in performing costs’ assessment and benefit analysis of policies and projects.
Радица Коцева
|Published on: 15.02.2022||
Радица Коцева е магистер по економија на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Таа зад себе има повеќе од 20 години професионална кариера во Министерството за финансии, каде што се има стекнато со огромно искуство во управување со јавни финансии, ЕУ интегративните процеси и управувањето со проекти, вклучувајќи дизајнирање, спроведување, следење и евалуација на проекти/програми финансирани од надворешни билатерални/мултилатерални донатори како што се ЕУ, ММФ, ЕБОР, ЕИБ и ЦЕБ.
Откако беше назначена за Раководител на Секторот за централно финансирање и договори (ЦФЦД) во Министерството за финансии во декември 2007 година, таа беше клучна фигура во подготовката на националните структури за исполнување на критериумите за акредитација на Европската комисија за индиректно управување со ИПА средствата додека не беше добиена акредитацијата во 2009 година за три компоненти на ИПА, т.е. ТАИБ, Компонента за регионален развој и Компонента за човечки ресурси. Во периодот од 2007-2020 година додека раководеше со ЦФЦД, под нејзина одговорност, во рамките на ЕУ Финансиската перспектива 2007-2013 и ЕУ Финансиската перспектива 2014-2020, успешно беше завршено огромно портфолио од повеќе од 400 проекти со вредност од повеќе од 500 милиони евра. Исто така, Радица Коцева беше Програмски Службеник за авторизација за неколку ЕУ TAIB национални програми и ЕУ повеќегодишни програми и беше назначена за Раководител на оперативната структура за програмите ИПА I и ИПА II. Таа беше одговорна за управување со „Оперативна програма за регионален развој 2007-2013“, која Европската комисија ја промовираше како една од најуспешно спроведените претпристапни програми финансирани од ИПА и којашто програма вклучуваше широко портфолио на инфраструктурни проекти и техничка помош во секторот заштита на животната средина.
За време на нејзиното раководење со ЦФЦД, таа вложи големи напори за подобрување на работната култура кај вработените преку воведување на добри пракси во управувањето со ИПА, како што се механизмите за внатрешна контрола, алатките за управување со човечки ресурси, како и високата етика и стандарди за интегритет. Исто така, таа е добро позната по нејзиниот пристап за решавање проблеми и одлучување во спроведувањето на проектите финансирани од ИПА во Република Северна Македонија, и пошироко во регионот. Одлично ги познава Европските правила за управување со проекти, ПРАГ правилата за јавни набавки и воспоставување на контролна рамка за управување со ЕУ средства.
Таа го напушти Министерството за финансии во септември 2020 година. Оттогаш, таа, исто така, има драгоцено искуство во давање на консултантски услуги во управувањето со фондовите на ЕУ и спроведувањето на најдобрите практики во земјите аспиранти за членство во Унијата од Балканскиот регион, како и во спроведување на анализи на трошоци и придобивки за политики и проекти.